сабота, 12 јули 2025

Македонија2025 објави повик за стипендии за средношколци

Фондацијата МК2025 објави повик за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2025/2026 година. Крајниот рок за доставување на апликациите е 25 јули 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

На повикот може да аплицираат средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта; средношколци со успех над 4,70; добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен бруто финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно.

„По успешниот пилот-проект во 2019 година, Фондацијата МК2025 континуирано обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2025 до јуни 2026 година)“, велат од МК2025.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација: https://www.macedonia2025.com/fondacija-mk2025-otvoren-povik/

Апликациите се поднесуваат на Е-scholarship Платформата https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/17

Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти: https://macedonia2025.com/support-fund-for-talented-students-talents-today-leaders-tomorrow/ 

Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025 и Македонија2025.

Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ досега има обезбедено 50 стипендии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ