Кампањата беше промовирана на Светскиот ден на наставниците – 5 Октомври и има цел да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.
Панел-дискусијата денеска е на тема „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“, со фокус на тоа како се менувало значењето на оценувањето низ генерации, што значи денес вистински успех и како наставниците го препознаваат трудот и напредокот на учениците во современиот контекст.
На настанот е најавено учество на министерката за образование и наука Весна Јаневска, Милка Тримчевска – директорка на Биро за развој на образованието, Даниела Апостоловска – одделенски наставник и помошник директор во ООУ „Братство – Миѓени“ од Тетово, Сихана Каба Касами – одделенски наставник и директор во тетовското ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими – доктор по општа медицина и професор по стручни предмети во ОСМУ „Никола Штејн” – Тетово.






