сабота, 13 декември 2025

„Лукоил“ на продажба, се продаваат и 40 бензиски пумпи во Македонија

„Лукоил“ соопшти дека ja прифатил понудaта од глобалниот трговец со стоки „Ганвор“ (Gunvor) за купување на неговиот странски имот. По воведување на санкциите од САД за руската нафта, „Лукоил“ одлучи да ја продаде целата актива со која располагаат надвор од Русија. Ова значи дека на продажба одат и 40-те бензински пумпи и еден нафтен склад на Лукоил во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Планираната продажба на странски имот е досега најзначајната акција од страна на руска компанија како резултат на западните санкции воведени поради војната во Украина.

„Лукоил“ соопшти дека ја прифатил понуда од „Ганвор“.

„Клучните услови на трансакцијата се претходно договорени од страните. Од своја страна, ‘Лукоил’ ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти „Лукоил“ за понудата на „Ганвор“.

„Ганвор“ потврди дека е во преговори со „Лукоил“ за евентуално стекнување на целокупниот странски имот.

„Ганвор“ е компанија основана од шведски бизнисмен и руски милијардер, но наводно тој го продал својот дел.

„Продажбата на Лукоил се должи на рестриктивните мерки на некои држави воведени против компанијата и нејзините подружници“, информираат од Лукоил.

Во Македонија околу 80 проценти од потребите за нафта и нафтени деривати доаѓа од Грција, па се проценува дека Македонија од овие санкции нема да биде погодена.

Во „Лукоил Македонија“ вр4аботени се повеќе од 500 лица. До 21 ноември „Лукоил“ треба целосно да се ослободи од својата актива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ