„Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да нè најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница“, се вели во соопштението од Сапорт Кочани.
Волонтерите додаваат дека ништо нема да им застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во „Пулс“, а како што велат во соопштението „најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“.