среда, 17 декември 2025
Реплика за печатите

Лога до Вреди: Ултиматуми поставувајте му на ВМРО, не на АА

Ултиматум поставете му на ВМРО, не на АА, реагира Кренар Лога кон коалицијата Вреди. Реакцијата на министерот Лога и близок соработни на Зијадин Села, лидер на едно крило во Алијанса за Албанците, се однесува на соопштението на опозициската Вреди која коалиција му порача на Села дека наместо со истомислениците да оди во коалиција со ДУИ, Арбен Таравари ќе му ги даде партиските печати за да може на изборите да настапи самостојно.

Објавено на

часот

Сподели

„Коалицијата Европски сојуз за промени има традиција да ги остава на улица партнерите на коалициите кои тие ги основаат (некои како „Можеме“ се самокиднапираат, некои не се одделуваат од Мицкоски, а некои не се одлепуваат од власта), исто како што ги менуваат и имињата на овие коалиции.

Печатите на Алијанса за Албанците не се индивидуална сопственост, уште помалку на оној кој го напушти својот политички дом, а што се однесува до ултиматумите, користете ги со ВМРО, а не со Алијансата за Албанците“, вели Лога наведувајќи го името на коалицијата Европски сојуз за промени, а не името Вреди кое беше дадено по присоединувањето на фракцијата на Арбен Таравари кој стана претседателски кандидат на партиите Алтернатива, Движење Беса, Демократски сојуз и претставници на косовската Самоопределување.

Инаку, Зијадин Села застапуваше став дека Алијанса за Албанците треба самостојно да настапи на изборите, додека Арбен Тараври беше на ставот партијата да се приклучи на Европскиот сојуз за промени. Потоа дојде до раскол и раздвојување на фракциите.

Во гостување на ТВ21 синоќа Села изјави дека Алијанса за Албанците (односно крилото кое тој го предводи, н.з.) поради тоа што партиските печати не ги поседува, а согласно роковите за пријавување на парламентарните избори, има две опции: или да не учествува на изборите или да се присоедини кон Европскиот фрнот кој го предводи ДУИ. Села рече дека одлуката ќе ја донесе партиското раководство.

Потоа, од коалицијата Вреди на Села му порачаа дека Таравари ќе му ги даде печатите само за да не мора да коалицира со ДУИ, што според коалицијата е извесно.

Медиуми на албански јазик пак, објавија дека веќе е договорено приклучување кон фронтот на ДУИ, дека Села ќе биде носител на изборната листа во Изборната единица 5, а дека на Алијанса за Албанците на Села ќе му бидат обезбедени уште три сигурни пратенички места, со можност за уште едно, четврто пратеничко место, доколку Европски фронт освои 20 пратенички места во идниот парламентарен состав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ