сабота, 27 јули 2024
Реакција

Вреди: Села може да оди сам на избори, Таравари ќе му ги даде печатите

Коалицијата Вреди која за претседател на Македонија го кандидира Арбен Таравари, му упати порака на лидерот на едно крило во Алијанса за Албанците, Зијадин Села во врска со неговата изјава дека бидејќи ги нема печатите од партијата ќе мора на изборите да настапи или во коалиција со ДУИ или да не учествува на изборите. „Има време ако сако Села со истомислениците самостојно да настапи, Таравари ќе му ги даде печатите“, се вели во реакцијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Зијадин Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зошто ќе одат спротивно од  волјата на мнозинството Албанци. Арбен Таравари јавно им ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите. Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети.

Затоа Села  и го направи расколот во Алијанса за Албанците. Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да ја испратат ДУИ во опозиција. Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап“, соопшти коалицијата Вреди.

Инаку, како што веќе објави МКД.мк, според албанските медиуми, коалицирањето на Села со ДУИ е завршена работа, нему му е понудено да биде носител на изборната листа во Изборната единица 5, а дека е пресметано дека може на изборите Алијанса на Села да добие уште три или четири пратенички места со поддршка на Европскиот фронт на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ