„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа. Околу 6 часот аеродромот продолжи со редовно работење“, соопшти МВР.
И од ТАВ Македонија соопштија дека согласно процедурите за постапување, аеродромските служби на Меѓународен аеродром Скопје како и сите релевантни служби и институции при МВР беа веднаш известени и активирани беа сите планови и процедури за постапување при вакви настани.
„Единици на МВР во координација со Одделот за обезбедување на ТАВ Македонија веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки и утврдија дека заканата е лажна. Нема откажани летови на Меѓународниот аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред“, информираат од ТАВ Македонија.






