четврток, 29 мај 2025

Ковачки: Зошто на Ахмети му пречи истрагата ако е убеден дека неговите се невини?

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го има легитимното право да протестира, но опасно е да се заканува дека нема да се врати од улица затоа што екс-министер, потенцијално одговорен за смртта на 62 лица, ќе биде обвинет, реагираше пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на заканите кои ги упати лидерот на ДУИ дека доколку екс-министерот Крешник Бектеши од ДУИ биде обвинет „враќање од улица нема да има“.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ прашува што е тоа што го тера Ахмети, како што вели, да се плаши од вистината.

„Зошто би му пречела истрагата ако е уверен дека неговите не се виновни? И конечно – зошто пратеникот Ахмети ја доведува во корелација одлуката на Јавното обвинителство со предвремени избори? Што се смени за една година во односот на пратеникот Ахмети кон јавниот обвинител Коцевски кому со лично гласање му даде поддршка за избор за ЈО“, реагира Ковачки порачувајќи дека да се повикува на предвремени избори заради покрената истрага за трагедија од таков размер „не е ништо друго освен бегање од одговорност“.

Ковачки потсетува дека нема човек во Македонија кој не сака да се расчисти случајот до последен, најситен детал и, како што вели, сите инволвирани да одговараат, без разлика на функцијата или презимето.

„Дали смееме да дозволиме Ахмети да ги користи емоциите како штит за својот сопартиец, ставајќи ја партијата над правдата?“, прашува Ковачки.

За Ахмети случајот со Бектеши е политички прогон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ