вторник, 1 април 2025

Конкурс за стипендии во ПСУ „Јахја Кемал“

ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование на кој може да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб-страницата  на училиштето ykc.edu.mk , Рокот за пријавување е до 12 април.

Објавено на

часот

Сподели

На тестирањето за стипендии ќе се одговара на прашања од математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата. Тестирањето за стипендии ќе се полага на Македонски, албански, турски и на англиски јазик. За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и на турскиот јазик.

Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината – за 1 место 100%, за 2 место 90%, 3 место 80%, 4 место 70%, 5  место 60%, 6 место 50%, 7-8 место 40%, 9-10 место 30%, 11-20 место 20%, и 21-25 место 10%.

Тестирањето за стипендии ќе се одржи на 13 април (недела) во 11 часот.

За ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје тестирањето ќе се одржи во самото училиште, а  во другите градови како што следува:  ООУ „11 Октомври“ – Куманово, ООУ „Ванчо Прке“ – Штип, ООУ „Блаже Конески“ – Велес и ООУ „Видео Подгорец“ – Струмица. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

За ПСУ „Јахја Кемал” – Тетово-Боговиње тестирањето ќе се одржи во самото училиште, и во ООУ „Исмаил Ќемали“- Гостивар.

За ПСУ „Јахја Кемал”- Струга тестирањето ќе се одржи во самото училиште, а  во другите градови како што следи: ООУ „Санде Штерјоски“ – Кичево и ООУ „Пенестиа“ – Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ