Конференцијата, која трета година по ред има регионален карактер, минатата година собра 742 учесници од целиот Балкан. Оваа година се очекува уште поголема посетеност. Повеќе од 300 учесници веќе го потврдија нивното присуство во рана фаза.
Осмото издание на оваа конференција носи и неколку новитети. Првпат, конференцијата ќе се одвива на две сцени, од кои едната ќе биде фокусирана на главни говори, панел дискусии и разговори еден на еден, а другата на практични работилници. Оваа година конференцијата се проширува и тематски, па покрај е-трговијата, фокусот ќе биде и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI) кои се клучни во развојот на дигиталната трансформација и е-трговијата, што значително го зголеми интересот кај компаниите и професионалците од регионот и пошироко.






