петок, 12 декември 2025

Kоалициските партнери ја поддржаа СДСМ, ја повикаа власта да гласа за Резолуција за мигрантите

Резолуцијата за прекинување на процесот на мигранти на СДСМ јасно и недвосмислено треба да гарантира дека мигранти за пари во Македонија нема да има, изјави лидерот на партијата Венко Филипче по средбата со партиите од опозицијата кои се во коалиција со СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Филипче, уште еднаш го повика ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да одговори на неговите повици и заеднички да ја изгласаат и донесат резолуцијата во Собрание.

Само со прифаќање на резолуцијата, нагласи Филипче, ќе бидеме сигурни дека мигранти за пари во Македонија нема да има. Тој се заблагодари на партиите кои се огласија на повикот и посочи дека разговарале за сериозноста на состојбата и тајниот договор за мигранти за пари.

„Сите се согласија дека е огромна опасност да се вовлечеме во еден таков модел. Јас сум благодарен што сите се согласија на сериозноста на состојбата. Ние сме решени заедно да се бориме, затоа што заедно можеме многу повеќе. Резолуцијата не е партиско решение или предлог, туку се работи за државничко прашање. Ова е договор со народот“, изјави Филипче на прес-конференција во партиското седиште.

Политичката и општествена акција, Филипче рече дека продолжува и понатаму со средби со претставници на граѓанскиот сектор, синдикатите и студентите, за како што нагласи, одбрана на државата, демократија и безбедноста.

Прашан за изјавата на премиерот Мицкоски, и дали и тој ќе се повлече од политиката ако се докаже дека нема да има мигранти, Филипче рече дека премиерот кажал и дека ако се утврди било каква поврзаност на компанија за обезбедување на дискотеката во Кочани дека ќе се повлече, па еве пак е премиер.

„Се доведува во прашање и кредибилитетот на ова“, изјави Филипче.

Верувам, нагласи лидерот на СДСМ, дека премиерот не треба да се заканува, бидејќи информацијата потекнува од релевантни британски медиуми.

„Прашањето не е одговорено, изјавата на премиерот не е доволнљ. Еве го решението, зошто заедно да не ја потпишеме Резолуцијата. Резолуцијата е пуштена во текот на вчерашниот ден и сите можеа слободно да ја видат.  Овие луѓе што се денеска со мене ка виделе и сметаат дека тоа е единствениот начин да се заштитите“, изјави Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ