„Свесни сме дека премиерот е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но додека станува збор за политичка влада во која учествува Беса како дел од коалицијата Влен, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна како дел од идната Влада“, рече Касами. Тој претходно најави дека од сите функционери ќе биде побаран извештај за сработеното во изминатиот период, по што раководството на партијата ќе оцени дали е задоволно од нивниот ангажман. „Ќе се донесе одлука дали ќе бидеме задоволни од работата на Лимани и другите функционери“, изјави Касами изразувајќи незадоволтво од работата на некои министри од неговата партија.
Мицкоски за можното разрешување на Лимани изјави дека е задоволен од неговата работа и дека нема информации за негова смена. „Мислам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални работи. Јас сум носител на мандатот и јас ја формирам Владата“, изјави Мицкоски.
Изет Меџити, претседателот на Демократското движење, коалициски партнер со Беса во Вреди, рече дека тоа е внатрешно прашање на Беса за кое се надева дека ќе биде надминато. „Прашањето Лимани е внатрешен проблем, значи е во рамки на Беса и верувам дека Беса има капацитет заедно да го надминат и да продолжат понатаму“, рече Меџити.






