понеделник, 16 февруари 2026

Караман и официјално стана автентична македонска раса на куче

Караман официјално е признаен како автентична македонска раса на куче, ја соопшти Кинолошкиот сојуз на Македонија одлуката на Меѓународната кинолошка федерација. Одлуката е донесена врз основа на евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои потврдуваат дека расата со векови е присутна на македонската територија.

Објавено на

часот

Сподели

Ова куче е познато по својата издржливост, интелигенција и силно изразен заштитнички инстинкт, а традиционално се користело како чувар на стада и домови, особено во руралните и планинските предели. Стручната јавност оценува дека признавањето на караман претставува значаен чекор за македонската кинологија, но и за зачувување на националното културно и биолошко наследство.

Со официјалниот статус се отвораат можности за понатамошна промоција на расата, учество на меѓународни изложби и системска заштита од неконтролирано вкрстување, со што караман добива заслужено место како симбол на македонската традиција и пастирска култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ