„Завршена е работата на работната група, доставена е информација, меѓутоа се уште немав можност да ја видам таа информација и веднаш ќе биде објавена и предметот ќе биде вратен назад во судот. Во текот на денот очекуваме да излеземе со повеќе информации“, изјави денеска Камбовски по свечените изјави на неколкумина нови претседатели на судови.
Камбовски не сакаше да ја коментира информацијата за парична казна за судијата од Кривичен суд Пајазит Пајазити.
„Не би ја коментирал, тоа не е правосудно завршена постапка. До овој момент нема жалба“, рече тој.
Во однос на трагедијата во Кочани, Камбовски истакна дека е рано да се разговара за тоа што доколку не може таму да се реализира судењето.
„Доколку таму не може да се прави судењето. Мислам дека е рано за тоа да разговараме. Се во свое време. Судскиот совет е во тек. Не, не, Судскиот совет не треба да одлучува за тоа. Ќе се постапи согласно законот“, рече Камбовски.