Првиот сертификат „Best Buy” се однесува на одделот за млечни производи кои се оценети дека имаат најголема вредност за потрошените пари на македонскиот пазар во категоријата малопродажни синџири. Клучен фактор за успехот во категоријата млечни производи е стратешкиот фокус на развој на приватната марка „Bella Farm“.
Вториот сертификат ја нагласува вредноста на приватните марки на КАМ за производите за перење алишта и чистење на домот, кои во маркетите се достапни под приватните марки „Belil“ и „Klinko“.
Третиот сертификат „Best Buy” ја препознава извонредната понуда на производи за миленици односно асортиманот под приватната марка на КАМ, „Alfie“, вклучувајќи храна и грицки за кучиња и мачки, песок за мачки, кои обезбедуваат грижа и удобност за домашните миленици.
„Овие сертификати се потврда за нашата посветеност на квалитетот и достапноста. Секогаш се стремиме да обезбедиме производи кои не само што ги исполнуваат очекувањата на нашите потрошувачи, туку и ја надминуваат вредноста што тие ја добиваат за потрошените средства. За нас, задоволството на потрошувачите е најважно, а овие признанија ја потврдуваат нашата континуирана посветеност кон нив“, велат од КАМ.
Новото истражување на домашната агенција „Инсајдер ИД“, кое беше објавено во ноември, покажува дека КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд и компанија по осамостојувањето во која граѓаните имаат најголема доверба, меѓу 200 најголеми домашни претпријатија формирани по осамостојувањето на Македонија. КАМ на почетокот на 2025 година, шести пат по ред, го доби и престижниот сертификат Qudal за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот, кој го доделува ICERTIAS.
Со новите признанија, КАМ продолжува да ја потврдува својата лидерска позиција на македонскиот пазар, овозможувајќи им на граѓаните пристап до производи кои комбинираат квалитет, иновација и одличен сооднос помеѓу цена и квалитет, соопштија од компанијата.






