„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистина е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, напиша Кадриу на својот фејсбук профил.

Адвокатката Лејла Кадриу изнесе низа невистини, лаги и клевети во однос на моето постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во однос на постапувањето на другите јавни обвинители во тоа обвинителство и во однос на работењето на целото СЈО, се наведува во денешната реакција на обвинителката Елизабета Јосифоска по гостувањето на Кадриу на ТВ Алфа каде изнесе низа обвинувања во врска со работата на поранешното СЈО и обвинителите кои беа дел од него. Ако не ѝ се извини, Јосифоска најави тужба за клевета. Претходно, за истите наводи на Кадриу реагираше и јавниот обвинител Гаврил Бубевски.






