„Република Македонија како потписник на договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS IV – Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како координатори или партнери во ЦЕЕПУС IV универзитетските мрежи од различни области“, се наведува во повикот.
МОН посочува дека согласно ЦЕЕПУС IV договорот има одредени промени – ЦЕЕПУС мрежата треба да ја сочинуваат најмалку пет високообразовни установи од најмалку пет држави членки на ЦЕЕПУС-програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата.

„Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки. Во академската 2026/2027 година еден професор со наставно знаење може да координира само една мрежа, додека бројот на мрежите во кој еден професор со наставно знаење може да ја има улогата на контакт лице е ограничен на четири академски мрежи“, наведува МОН во објавата.
Аплицирањето е единствено онлајн на www.ceepus.info, а рокот е 30 ноември 2025. Во повикот е појаснето дека пријавувањето за вмрежување е онлајн на платформата на ЦЕЕПУС- програмата на www.ceepus.info.
„За поднесување на пријавата задолжен е координатор на мрежата, додека установите учеснички имаат обврска да ја приложат побараната документација во рамки на електронската пријава“, се посочува објавениот повик во кој се наведени и документите потребни за аплицирање, како и контактите во МОН за подетални информации во врска со пријавувањето.






