недела, 8 јуни 2025

Јанев: Потребна е заедничка акција против транснационалниот криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, Александар Јанев, денеска од Охрид од работилницата „Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи на трговија со дрога“ порача дека борбата против трговијата со дрога и разбивањето на меѓународните криминални организации останува еден од највисоките приоритети на институциите за спроведување на законот. Јанев денеска беше и во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, полициската станица во Велешта и на граничниот премин на аеродромот Св.Апостол Павле.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат од Министерството за внатрешни работи, во своето обраќање на работилницата организирана во рамки на ИЦИТАП програмата на Амбасадата на САД, Јанев истакнал дека мора да се дејствува решително.

„Разбивањето на меѓународните криминални организации, особено оние што се занимаваат со трговија со дрога е еден од нашите највисоки приоритети. Оваа штетна појава го загрозува поредокот и нормалното функционирање на системот, анимира и генерира многу нелегални активности и во администрацијата и кај обичниот граѓанин, затоа мораме да дејствуваме решително“, рече тој.

На настанот присуствуваат претставници од МВР, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд Скопје, како и судии и обвинители од региони кои ги покриваат граничните премини и рутите на организираниот криминал.

Зборувајќи во контекст на насловната тема на работилницата „Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи на трговија со дрога“, директорот Јанев потенцирал дека со заеднички напори, со заедничко работење како агенции за спроведување на законот, со нашите меѓународни партнери одлучно и ефикасно ќе можат да се надминат препреките поврзани со транснационалниот криминал и разбивањето на мрежите на ваков тип криминалци.

„Секој обезбеден доказ против овие криминални групи е производ на нашата макотрпна, чесна и посветена работа, потрошено многу време, многу човечки и финансиски ресурси, затоа потребата од нивно објективно валоризирање од сите чинители на системот е клучно во градењето на довербата и испорачување и осигурување на безбедноста на нашите граѓани и граѓаните на САД“, дополнил тој.

Покрај ова, се осврнал и на предизвиците и заканите во борбата против мрежите за трговија со наркотици, како и за американските најдобри практики коишто може да помогнат во борбата за справување со овој вид на криминал.

Притоа, тој истакнал дека еден од суштинските фактори претставува и имплементирањето на неопходните реформи, дигитализацијата, како и следните чекори што треба да се преземат за поуспешни резултати од овие активности.

Јанев денеска беше и во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, полициската станица во Велешта и на граничниот премин на аеродромот Св.Апостол Павле.

„Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата ‘Безбедно лето 2025’“, истакнал Јанев.

Директорот Јанев ги посетил и ОВР Струга и полициското одделение во струшкото село Велешта, каде бил запознат со активностите на полициските службеници за одржување стабилен јавен ред и мир и обезбедување поволна сообраќајна безбедност и во претстојниот период кога, на подрачјето на Струга и селата се зголемува присуството на граѓани кои се на привремена работа во странство а годишните одмори ги поминуваат во Струга и околните населени места.

Како што соопштија од МВР, при денешната посета на Охрид, директорот Јанев ја посетил и полициската станица за гранични проверки аеродром „Св.Апостол Павле“ каде извршил увид во работата на полициските службеници кои работаат на контрола на патници за влез и излез во државата во услови на зголемен број на патници на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница.

Јанев ги нагласил напорите на Министерството за внатрешни работи за спроведување континуирани мерки за јакнење на професионалните капацитети и за пожртвуваните напори за јакнење на стручноста и грижата за безбедноста на граѓаните. Притоа, како примарна цел првиот човек на БЈБ ја потенцирал неопходноста полицијата да ги стави во функција сите расположливи ресурси преку процесите на оптимизација, флуктуација, а воедно и дигитализација на сите работни процеси.

Според Јанев, се додава во соопштението, императивно е разбирањето, односно мисијата кон чие остварување целиме – а тоа е дека секој еден полициски службеник мора да биде во служба на граѓаните, а се во интерес на нивната безбедност и сигурност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ