„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината. Потишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно-научен кадар, ученици и студенти“, соопшти Министерството.
„Јаневска и Улусој разговараа и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8.000 ученици, преку повеќе обуки за наставниот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема“, се вели во соопштението на Министерство за образование и наука.






