„Пожарот избувнал во горниот дел од депонијата, веројатно од самозапалување. За два и пол часа, пожарот го санираа наши екипи со цистерна, со затрупување на земја. Помогнаа и општествено-одговорни компании, на кои им изразуваме благодарност“, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.
Депонијата Краста гореше и на 15 јули.

Депонијата Краста, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња претходниве децении беше причина за негодување и револт на мештаните на Пчиња кои произведуваат раноградинарски производи. Преку проект, предвидено е депонијата да стане претоварна станица од каде ќе се изнесува сметот до најавената регионална депонија за североисточниот и источниот регион.
Депонијата Краста функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12,5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 120 до 150 тони смет.






