„Проектот даде исклучително значајни резултати и токму тие се основата за нова акција во која повторно младите ќе бидат во нашиот фокус. Значително е подигнат квалитетот на стручното образование и обука и зголемен бројот на ученици во стручните училишта, а зајакната и унапредена е законската регулатива. Формирани се три регионални центри за стручно образование и обука кои се модерно опремени и успешно функционираат, а отпочнт е трансформативниот процес на други четири училишта кои треба да прераснат во регионални центри“, рекла Ивановска, соопштија од МОН.
Таа додала дека се подобрени и капацитетите на институциите за анализа, планирање и креирање на политики насочени кон младите.
Ивановска посочила дека голем број млади, лично ги почувствуваа придобивките од проектот. Стекнале знаења и вештини со кои се конкурентни на пазарот на човечки капитал, лесно наоѓаат работа и се интегрираат во општествените процеси.
„Се разбира дека ние ги поддржавме и од повеќе други аспекти, на пример преку прифаќање на десетина нивни барања само во последниот период од една година, кои во најголем дел се однесуваа на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард. Ги вклучивме и во креирањето на политики и закони. Ја подобривме инфраструктурата во која тие се образуваат и ќе споделам дека само во моментов имаме активни инвестиции во вредност од над 32 милиони евра“, информирала државната секретарка.
Изразила задоволство што ЕУ ги вреднува националните постигнувања со обезбедување на уште поголема поддршка и очекувања дека соработката ќе продолжи заради забрзана интеграција на Македонија во европското семејство.