Според Поповиќ, корупцијата е директно и најголемиот проблем на ова општество, предизвикува големи штети и е потребен целосен општествен одговор воден од институциите кој ќе стави „стоп“ на ова зло.
„Во изминатите години се уназадува целиот потфат против корупцијата, недостигаат надзорни расправи, пратениците донесуваат закони по скратена постапка и затоа сакаме на овие теми да разговараме со пратениците. Пратениците имаат улога да вршат надзор врз институциите што ги избираат и затоа е потребно да се види поголем интерес од пратениците за сите институции, вклучително и ДКСК и да бара одговорност од институциите и од министерствата надлежни за соодветните институции за да ги подобрат и унапредат системите за интегритет, внатре во институциите. За да се подобри ситуацијата, потребни се повеќе надзорни расправи во Собранието. Колку повеќе надзорни расправи, толку подобра оценка ќе дадеме за работата на Собранието“, истакна Поповиќ.
Во изјава за медиумите, Снежана Камиловска Трповска од МЦМС посочи дека во 2024 година пратениците лично предложиле само 105 закони.
„Улогата на Собранието е значајна за креирање на антикорупциски политики затоа што тоа е местото каде се донесуваат сите законски регулативи и каде што треба да се дискутира за сите значајни прашања од антикорупциска гледна точка и сè со цел да се обезбеди подобар квалитет на живеење на граѓаните. Во изминатата година, односно во 2024 година од вкупно 314 доставени закони во Собранието, само 105 се на предлог на пратениците, а тоа значи дека 105 предлог Закони не биле предмет на проценка на влијание на регулативата, а уште помалку на антикорупциска проверка на легислативата. Битно е, рече Јамиловска Трповска, во наредната година да се посвети внимание на поголема надзорната рсправа во Собранието.
Тркалезната маса на тема „Една година подоцна – До каде е Собранието со борбата против корупцијата?“, организирана од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ се совпаѓа со мандатниот период на актуелниот пратенички состав во македонскиот парламент.