понеделник, 16 февруари 2026

Хоџа: Светска банка ќе продолжи да помага против аерозагадувањето

Продолжувањето и продлабочувањето на соработката во областа на управувањето со квалитетот на воздухот беа во фокусот на средбата на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Објавено на

часот

Сподели

Од таму соопштуваат дека на средбата било констатирано дека во моментот се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции.

„Министерот Хоџа истакна дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласи дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите. Во таа насока, Хоџа изрази подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните“, стои во соопштението од МЖСПП.

Министерот посочил и дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку акцискиот план за чист воздух, програмата за периодот 2024 – 2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3.

„Притоа беше истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани“, дополнуваат од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ