понеделник, 15 декември 2025

Гори планината Готен во Беровско

Во Беровско гори планината Готен, сите сили од земја и воздух се ангажирани во справување со огнената стихија, вели Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Берово. Тој  посочи дека зафатена е поголема површина, а во моментов тешко пристапниот терен и ветерот им прават дополнителни проблеми при гаснењето на пожарот.

Објавено на

часот

Сподели

„Oд вчера пожарот од Струмичко е навлезен во Берово, поточно на планината Готен. Од страна на ТППЕ- Берово е излезено на терен, како и Македонски шуми. Имаме подршка и од Армијата. Ветерот си го прави своето, голема е огнената линија. Се става сè што може под контрола, меѓутоа огнената линија е голема. Се работи за нискостеблеста деградирана букова шума, дел дабова шума, различен е теренот“, вели Гошевски.

Во реонот каде што гори шума има викендици, пчеларници, стари колиби.

„Пожарот е точно на тромеѓето помеѓу Општина Берово, Општина Василево и Општина Радовиш, а истиот е навлезен во наведените општини“, вели Гошевски.

Тој додаде дека на терен од страната на Берово има над 100 лица, од институциите и доброволци. Колкава површина е изгорено ќе се утврдува дополнително.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ