понеделник, 15 декември 2025

Голем пожар се разгори во близина на Струмица, сепак ставен под контрола

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.

Објавено на

часот

Сподели

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов сепак вели дека овој пожар е ставен под контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ