„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“, објави Фон дер Лаен.
Фон дер Лаен по средбата со државниот врв: Се чека на договорената уставна промена
„Целосно ја поддржуваме Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена.“ Oва на социјалната мрежа Х го напиша Урсула фон дер Лаен, претседателката на ЕК по денешните средби со македонскиот дртжавен врв.

Објавено на
часот





