„На средбата во Поградец учествуваа претставници на граничната полиција, правната дирекција, одделот за ИТ и царинската управа, со цел финализирање на нацрт-договорот. Овој момент означува важен чекор кон зајакнување на прекуграничната соработка, олеснување на законското движење и зголемување на безбедноста преку координирано управување со границите“, пишува во објавата.
Се посочува дека Мисијата на ОБСЕ останува посветена на поддршка на практични иницијативи ориентирани кон резултати кои ја унапредуваат регионалната соработка и придонесуваат за стабилноста и безбедноста во регионот.






