четврток, 18 декември 2025

Филипче бара европска поддршка да се одбранела демократијата во Македонија

Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување, велат од СДСМ во денешното соопштение и ја пренесуваат пораката од нивниот лидер Венко Филипче од Брисел кој бара поддршка од ЕУ „за одбрана на демократијата во Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим. Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор. СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата“, вели Филипче.

Затоа тој од Брисел, ќе побарал поддршка „од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии. Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава“.

„Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата. Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија. Да ја одбраниме Македонија. Да ја одбраниме демократијата!“, порачува Филипче од Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ