четврток, 10 април 2025

Електронското пријавување за упис во средно образование ќе започне на 14 јуни

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година ќе започне 14 јуни и ќе трае до 17 јуни, а второто ќе биде на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Јаневска вели дека конкурсот е креиран во соработка со општините.

„Општините имаа обврска да направат анализа на пазарот на трудот и да го известат Министерството за образование и наука за кадарот кој им е потребен. Врз основа на тие информации го креиравме конкурсот, кој е објавен на нашата веб страница и во печатени медиуми“, рече Јаневска во гостување на Алфа.

По однос на полагањето на државната матура, министерката информираше дека оваа година дел од учениците ќе полагаат во холовите и спортските сали во рамки на училиштата, а дел ќе полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети, заради поголема објективност на целиот процес.

Рече дека е неопходно да има растојание од 1,5 метар помеѓу учениците, апелирајќи до нив да не се вознемируваат од просторот каде ќе полагаат и да се фокусираат на подготовките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ