Компанијата е основана во 2020 година и претставува пионер на македонскиот пазар во областа на интегрирани паметни решенија за домови, станбени и деловни објекти. Паметните системски решенија овозможуваат целосна автоматизација и контрола на уредите, контрола на осветлувањето, системите за греење и ладење, безбедносни системи, системи за видео надзор, видео домофонија. Автоматизацијата на овие системи придонесува за зголемена ефикасност и комфор во различните средини каде што се имплементирани. CN Solutions е ексклузивен застапник на брендовите Akuvox, Akubela, Tenon, MCO Home и Zipato за македонскиот пазар.

Покрај продажба, компанијата CN Solutions благодарение на својот искусен тим нуди и конфигурација на системите по желба на клиентите, стручни консултации во врска со постоечки проекти, комплетна изведба на слабострујни и јакострујни инсталации, снабдување со компоненти, интеграција, конфигурација и поддршка по продажбата.
Растот и развојот на технологијата придонесува автоматизацијата да стане дел од нашето секојдневие што е веќе евидентно во европските земји и во светот. Целта на компанијата CN Solutions е да ги доближи овие технологии до македонските граѓани, да создаде навика за модерно и софистицирано живеење со што ќе им овозможи повисок квалитет на живот.
Производите и услугите кои ги нуди компанијата CN Solutions овозможуваат иновативен, но докажан пристап во повеќе сегменти од модерното живеење. Комплетен пакет на производи создадени да обезбедат технолошко збогатување во станбени, комерцијални и деловни објекти, кои покрај функционалност додаваат и вредност на секој проект.
Салонот на CN Solutions е на улицата Васил Стефановски 3 во Скопје.
Комерцијален текст






