недела, 14 декември 2025

Едуфронт го лансира првиот ВИ водич за избор на дигитална обука за деца – „Едуфронт тутор“

Eдуфронт тутор е нов интелигентен дигитален водич развиен од Едуфронт, едукативен центар за компјутерско образование за деца од 8 до 14 години, во соработка со технолошката компанија Нова Солутионс.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е првпат во земјава и пошироко во регионот да се воведе прилагоден ГПТ модел на вештачка интелигенција кој им помага на родителите и децата да изберат обука според возраста, интересите и претходното искуство. Преку неколку кратки прашања, ВИ водичот веднаш нуди персонализирана препорака и објаснување за секоја дигитална патека што ја нуди Едуфронт.

Едуфронт тутор е паметен асистент што функционира преку платформата ChatGPT. Направен е со цел да го олесни процесот на избор на обука за новите ученици – без потреба од долги објаснувања или пребарувања. Родителот или детето одговара на неколку едноставни прашања, како на пример возраст на детето, претходно искуство со компјутери или програмирање и што го интересира повеќе – игри, дизајн или кодирање.

На основа на овие информации, туторот препорачува соодветна обука – на пример: Scratch за почетници, Python за текстуално кодирање, или HTML/CSS за веб страници – секогаш во согласност со логиката на DigiPath програмата на Едуфронт.

ВИ водичот комуницира со топол и поддржувачки тон, достапен е секогаш, и особено е прилагоден за родители кои првпат се запознаваат со концептот на дигитална писменост кај деца.

Eдуфронт тутор е поврзан со сите активни програми на Едуфронт. За секоја препорака, тој ги зема предвид возраста на детето, неговите интереси и предзнаења, проверува дали се исполнети предусловите за напредни обуки и предлага точна обука со име и краток опис како и информации за времетраење, термини, цени и начини на упис.
Едуфронт и Нова Солутионс веќе работат на втората, проширена верзија на алатката, која ќе содржи подетални информации за секоја обука. Целта е родителите и учениците не само полесно да изберат обука, туку и подобро да ги разберат темите, активностите и целите што ги опфаќа секоја програма. Со тоа, ориентацијата ќе стане уште поточна, а мотивацијата за учење ќе се заснова на реална претстава за материјалот.

Едуфронт е едукативен центар за дигитални вештини Нова Солутионс е компанија специјализирана за дигитална трансформација, автоматизација и вештачка интелигенција со седиште во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ