недела, 14 декември 2025

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на Хупекс берзата денеска е 96,40 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на Хупекс берзата (HUPX) во Унгарија, денеска  просечната цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 96,40 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 81,09 евра/mwh.

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 39,49 евра за мегават час, а на MEMO 8,36 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 35,01 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 32,90 евра.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, кои ги подготвува аналитичкиот тим на ЕДС, може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ