Како што информираа од ДЗС, на работниот состанок на општинскиот штаб Берово, согласно извештаите за движењето и интензитетот на пожарот се дискутирало за планирање за справување со огнот.
„Практично, при пожарот во планината над Русиново, заради променливиот ветар, потоа и заради големи шупливи дрвја остани од минатите пожари, што горејќи паѓаат низ стрмнините, а и заради непристапност на теренот е отежнато справувањето со него. Работниот состанок трае подолго, бидејќи ќе се разгледуваат повеќе опции за со комбинирани сили да се дејствува од раните утрински часови, како и со соодветна механизација, а и со воздухоплови што ќе бидат на располагање со кои ќе се координира од земја согласно конкретните дневни услови“, информираа од ДЗС.






