понеделник, 15 декември 2025

ДЗС: Инфалцијата во март e зголемена на годишно ниво

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во однос на февруари, трошоците на живот се намалени за 1,3 проценти, а цените на мало за 0,9 проценти.

Објавено на

часот

Сподели

Намалувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците на животот во делот на храната и безалкохолните пијалаци за 3 проценти, транспортот за 1,8 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 проценти и разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти.

Зголемување на трошоците на животот во однос на февруари има во групите, домување, вода, електрика, гас и други горива и облека и обувки за 0,4 проценти, ресторани и хотели за 0,3 проценти, комуникации и здравје за 0,2 проценти и рекреација и култура за 0,1 процент. Во групата образование трошоците на живот остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ