понеделник, 16 февруари 2026

Државата ќе ги заострува критериумите за добивање субвенции, најави министерот за земјоделство

Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Објавено на

часот

Сподели

Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на субвенции кои воопшто не ги обработувале површините.

„Да се зголеми продукцијата на храна и субвенциите да имаат ефект, е целта на реформите во земјоделството што почнаа уште минатата година. Нелогично е да имаме милиони евра поддршка, а да бележиме пад на производството. Се покачуваат минималните критериуми за користење субвенции зашто сакаме да ги стимулираме вистинските, активни земјоделци. Кај нив треба да дојде поддршката“, подвлече Трипуновски.

Осврнувајќи се на планираните промени кои допрва ќе се спроведуваат, министерот нагласи една од нив – дека со новата програма за поддршка нема да се субвенционира пченица ако не се користи сертифициран семенски материјал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ