понеделник, 8 декември 2025

Доделувањето на студентските ваучери е во тек – илјадници студенти со нови уреди за современо европско обрзование

Процесот на доделување на студентските вредносни ваучери за набавка на електронски уреди интензивно се одвива, а интересот е рекорден. Студентите веќе аплицираат и ги подигнуваат уредите што ќе им овозможат современо, конкурентно и европско ниво на студирање.

Објавено на

часот

Сподели

Владата информира дека заклучно со 22 ноември, доделени се вкупно 33.682 ваучери, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, 11.500 студенти веќе го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред.
„Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати. Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во блиска соработка со Министерството за дигитална трансформација и со Министерството за образование и наука“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
Со оваа мерка, студентите добиваат алатки што ги приближуваат до европските стандарди во образованието – современи уреди што обезбедуваат еднаква дигитална основа со онаа на нивните европски колеги, овозможувајќи им пристап до онлајн ресурси, дигитални библиотеки, меѓународни програми и модерни платформи за учење. Ова означува поконкурентна подготовка за пазарот на труд што бара дигитални вештини, како и суштинско намалување на дигиталната нееднаквост, што е клучен предуслов за рамноправно академско натпреварување по европски
стандарди.
Аплицирањето за студентските ваучери продолжува и понатаму преку Националниот портал за еуслуги uslugi.gov.mk, a сите студенти имаат можност да поднесат апликација до 20 декември 2025 година, без разлика дали се или не се во евиденцијата на МОН. Процесот е едноставен, целосно дигитализиран и овозможува брзо добивање на вредносен ваучер, кој може да се реализира до 31 декември 2025 година. Се охрабруваат сите студенти да ја искористат оваа можност и навремено да аплицираат за уред кој ќе им помогне во студирањето и нивниот современ
образовен развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ