Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 7 март добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.
„Пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело“, се појаснува во соопштението од МВР.
На 4 април ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б.С. (64) од Македонски Брод поради постоење сомневање за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Б.С. се сомничи дека на 3 април во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од Македонски Брод“, соопшти тогаш МВР.