понеделник, 8 декември 2025
Реакција

Димковски: Изјавата на Мицкоски е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оценува претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранешен министер, Трајан Димковски, стои во соопштението од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Да укажеме дека Македонија е една од малкуте земји кои користат вакви европски кохезиски фондови за развој. Тие имаат строго утврдени процедури за трошење на средствата и токму поради тоа, при ваков скандал по автоматизам се носи времена одлука за прекин на користење на парите. По временото стопирање, без да знаеме до каде ќе оди истрагата и што ќе излезе на виделина, можно е оваа мерка да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД-програмата“, вели Димковски.

Тој потсетува дека пред само две години, во една соседна држава ИПАРД програмата беше суспендирана, по што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство. „Така што, доколку нема морална одговорност, мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот“, додава тој.

„При ваков скандал во ресорот, а како министер да тврдите дека Агенцијата не е дел од министерството, иако сите програми за спроведување и исплата во Платежната агенција ги носи токму министерството, а притоа блиски луѓе од кабинетот ви се опфатени во истрагата и притворени – се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае врз истрагата. Во најмала рака, заради јакнење на довербата на политичарите кај граѓаните, треба да си поднесе оставка“, вели Димковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ