понеделник, 14 јули 2025

Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија води кон намалување на буџетскиот дефицит

Фискалната консолидација, подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност остануваат основни цели на фискалната политика за периодот 2026-2030 година, кои како основни насоки се содржани во Фискалната стратегија 2026-2030 година, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска откако денеска Собранието ја донесе Фискланата стратегија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Фискалната стратегија, вели Димитриеска Кочоска ги дава среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот. Односно, претставува смерница на фискалната политика на среден рок.

„Фискалната консолидација останува приоритет на Министерството за финансии со цел понатамошна макроекономска стабилност и поддршка на економијата за остварување повисоки стапки на економски раст. Остануваме посветени на дисциплинирана фискална политика и управување со јавните средства, ефикасна наплата на приходите, намалуање на сивата економиија, одржување високо ниво на капитални расходи и континуирана поддршка на економијата преку капитални инвестиции. Фискалната стратегија води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој, односно очекуваме постепени и во континуитет буџетскиот дефицит да се намалува и да достигне ниво под 3% согласно фискалните правила“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа додава дека останува определбата за зголемена транспарентност и отчетност во јавните финансии, со цел унапредување на ефикасноста на буџетските расходи.

„Со Стратегијата се задржуваат ниските даночни стапки и даночна политика насочена кон одржлив економски раст и развој и обезбедување правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи.  На среден рок од фискалните проекции се очекува зачувување на макроекономската стабилност и на фискалната одржливост со што ќе создадат поповолни услови за динамизирање на економската активност, активна и одговорна фискална политика во функција на економски раст, дисциплинирана буџетска потрошувачка преку ефикасно искористување на средствата и реализација на зголемени перформанси од работењето со подобрен квалитет на јавните услуги, реализација на капиталните расходи и на инфраструктурните проекти во приоритетните области, во согласност со владините политики, кои ќе генерираат позитивни ефекти врз економскиот раст на среден рок“, вели Димитриеска Кочоска.

Собранието денеска во рамки на 53. пленарна седница ја донесе Фискална стратегија за 2026 – 2030 година.

Фискалната стратегија ја образложи заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, кој кажа дека документот ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Фискалната политика за периодот 2026-2030 година ќе биде насочена кон подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација. Клучна цел ќе биде подобрување на управувањето со јавните финансии, како и одржување на високо ниво на капитални расходи кои ќе ги поддржат долгорочните економски приоритети.

Клучни елементи на фискалната политика во наредниот среднорочен период ќе бидат фискална консолидација и преземање на мерки со цел да се обезбеди фискална одржливост на среднорочен период, потоа дисциплина во управувањето со јавните средства односно фискална дисциплина, намалување на сивата економија и поголема наплата на средства во буџетот на државата и општините. Поддршката на економијата ќе подразбира континуирана поддршка за економскиот раст преку инвестиции во инфраструктурни проекти, со што ќе се создадат услови за раст на бизнисите и создавање нови работни места. Редизајнирање на структурата на јавните финансии односно одржување високо ниво на капитални расходи за постигнување на планираниот екононмски раст.

Еден од елементите ќе биде и засилена транспарентност и отчетност: Зголемена транспарентност и отчетност во јавните финансии, со што ќе се унапреди ефикасноста на буџетските расходи.

Во периодот 2026 – 2030 година, даночната политика ќе биде во насока на обезбедување одржлив економски раст и развој, притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи. Како што се наведува во документот, целта е преку зголемена дигитализација да се намали сивата економија и да се воспостави ефикасен даночен систем со цел секој праведно и на праведен начин да ги плаќа своите даночни обврски. Ова ќе овозможи задржување на ниските даночни стапки кај другите даноци, а во исто време и поголем износ на средства за капитални инвестиции со околу 5,2 отсто од БДП, даночни ослободувања, субвенции и стимулации на работењето на домашниот приватен сектор и граѓаните.

Политиката на управување со јавен долг ќе биде насочена кон обезбедување на неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит, за отплата на долговите што достасуваат како резултат на задолжувањата од претходните години и за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата. Истовремено, буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП се намалува од 4 проценти во 2025 година, на 3,5 во 2026 година, 3 во 2027 година, 3 во 2028 година, 2,8 во 2029 година и 2,8 проценти во 2030 година. Воедно, примарното буџетско салдо има тренд на намалување, и тоа од 2 отсто од БДП во 2025 година на 1,5 во 2026 година, 0,9 во 2027 година, 1 во 2028 година, 0,7 во 2029 година и 0,6 отсто во 2030 година.

Пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска рече дека од Фискаланата стратегија може да се предвиди каков ќе биде ребалансот на Буџетот. Лукаревска цитирајќи го Евростат рече дека Македонија има најниска минимална плата во Европа, а позади е само Албанија, како и дека има најнизок стандард на куповна моќ.

„Ова се последиците од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, која упорно одбива да ги прифати мерките за покачување на платите на СДСМ, како и за цените на прехранбените производи“, рече Лукаревска, која изнесе низа ставови во однос на голем дел финански параметри и проценки.

Реплицираше Бојан Стојаносски од ВМРО-ДПМНЕ, според кого, се случува финансиска и фискална консолидација затоа што претходно се случуваше хаос, заради тоа што СДСМ ги изгуби изборите.

„За 12 месеци просечната нето плата е зголемена за 10, 5 проценти, 33.800 пензионери добиваат зголемување на пензиите од 26 до 33 проценти, имаме рекордна невработеност односно рекордна вработеност – за три квартали 10.000 луѓе добиле рабтно место“, рече меѓу другото Стојановски.

Тој ги наброја странските директни инвестиции, зголемување на платите во здравство и полицијаците, градење на нови патишта, поголема наплата на даноци,…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ