недела, 14 декември 2025

ДИК донесе план за спроведување на обуките на избирачките одбори

Државната изборна комисија денеска во рамки на својата редовна 136-та седница донесе план за спроведување на обуките за членовите на избирачките одбори со распоред по кој тие ќе се одржуваат, а ќе почнат следната недела, во врска со претстојните локални избори.

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата, исто така, усвои одлука за објавување описи на сите 3.480 избирачки места во земјава. По донесувањето на одлуката, комисијата овие описи ќе ги објави на својата веб-страница. Како што појасни претседателот на ДИК, Бoрис Кондарко, ќе биде објавен точниот број, адреса и локација на избирачките места. Има, рече, мала промена во однос на неколку избирачки места, кај кои или е констатирано надминување на доволената бројка од 1.000 избирачи, или пак не ги исполнувале условите. За ова додаде, навреме се информирани и општинските изборни комисии.

Членовите на комисијата усвоија шест предлог обрасци за сумирање и објавување на резултатите од Општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје.

Државната изборна комисија одобри и барања за набљудување на изборите од ОДИХР за 24 избирачи и од Здружение за рурален развој Агролидер од Кривогашани за пет избирачи. Кондарко рече дека одобрувањето за набљудувачи се прави сукцесивно на секоја седница, како што пристигнуваат барањата. Тие можат да се поднесуваат најдоцна 10 дена пред одржувањето на изборите.

Членовите на комисијата одлучуваа по барања за изземање на претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на општински изборни комисии и Изборна комисија на Град Скопје поднесени од лични, здравствени причини или поради судир на интереси. Вкупно беа разгледани 25 барања за изземање, од кои 24 прифатени поради постоење законски основ, а едно одбиено.

По ова комисијата на нивно место, по случаен избор избра нови, водејќи се по принципот на правична етничка и родова застапеност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ