сабота, 12 јули 2025

Денеска завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека денеска е последен ден за поднесување апликации, во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. Досега се поднесени 13.200 апликации.

Објавено на

часот

Сподели

Апликациите можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

„Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на „schools.mk“. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран“, се вели во соопштението на МОН.

Оттаму велат дека не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието.

Конкурсот со слободни места е објавен на овој линк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ