понеделник, 8 декември 2025

ЦУК: Вечерва активни се 6 пожари, 3 се под конрола

На ден 01.09.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои 6 активни, 3 под контрола и 7 изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во: Општина Валандово: с. Марвинци (ниска вегетација, трески, капини и овоштарник); Општина Илинден: с. Ајватовци (ниска вегетација); Општина Долнени: с. Црнилиште и с. Долгаец (нискостеблеста вегетација); Општина Куманово: с. Живиње (ниска вегетација); Општина Липково 1: с. Липково (ниска вегетација); Општина Липково 2: с. Никуштак (мешана шума).

Трите пожари под контрола се во: Општина Гевгелија: планина Кожуф (приземен пожар); Општина Македонски Брод: повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште).

Изгаснати се пожарите во: Општина Радовиш: м.в. Коџа Баир (ниска вегетација и депонија): Општина Струга 1: с. Октиси (стрниште); Општина Струга 2: с. Ложани (стрниште); Општина Струга 3: с. Корoшишта (стрниште); Општина Кавадарци: с. Фалиш (ниска вегетација и нискостеблеста шума);  Општина Делчево: градска депонија „Острец“ (депонија); Општина Чешиново-Облешево: с. Чешиново (ниска вегетација и оризна слама).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ