недела, 14 декември 2025

ЦУК: До 18 часот – два активни пожари, под контрола пожарот во Дрисла

На територијата на Македонија до 18 часот  има два активни пожари, во месноста викана Царев Врв во Кочани и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, кај ресторан „Ули“ во Тетово. Под контрола е ставен пожарот во депонијата Дрисла, на територија на општина Студеничани, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Изгаснати се седум пожари, од кои два во Крушево, кај село Локвени и кај градската депонија (ѓубре) и еден во општина Шуто Оризари, на ул. „Хаџи Јован Шишко“ (депонија).

Изгаснат е пожарот во општина Ново Село, кај село Мокриево (сува трева и капини), во општина Велес, кај село Раштани (сува трева), во општина Куманово, кај село Колиќко (ѓубре) и во Општина Липково, кај село Лојане (стрниште). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ