недела, 14 декември 2025

ЦУК: Десетина  пожари на отворено

И за време на последното деноноќие повторно се регистрирани најмалку десетина пожари на отворено. Центарот за управување со кризи апелира на почитување на препораките на пожарникарите и на поголемо внимание при прошетките во природа.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалните центри за управување со кризи во државата јавуваат за пожари на шуми и вегетација на отворено, за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.
Противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во предел на село Трубарево во село Рашче и во село Бразда; ТППЕ Прилеп кај село Мажучиште и кај патот за Манастир Прилепец; ТППЕ Свети Николе кај село Мустафино и во атарот на село Немањици; ТППЕ Македонска Каменица кај село Цера; ТППЕ Куманово во близина на депонијата Краста и во атарот на село Режановце; ТППЕ село Нагоричане во атарот на село Макреш; ТППЕ Ранковце во атарот на село Псача, а ТППЕ Тетово дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции.
Пожарникарите од Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација во ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, гаснеле депонија каде гореле запалени гуми.
ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги почитуваат препораките на пожарникарите преку медиумите  за превенција од пожари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ