Активни се пожарите на териториите на општините Василево (кај село Нивичино гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, Македонски Брод (гори мешана шума и сува трева кај селото Грешница и пожарот помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) и Прилеп (помеѓу селата Царевиќ и Смолани гори мешана шума и нискостеблеста вегетација).
Под контрола се пожарите кај општините Желино, Велес и Струга.






