Исплатата на средствата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица, подготвен врз основа на втората евалуација на здравствената состојба на повредените лица и прогнозата за нивно понатамошно лекување од страна на комисијата на Министерството за здравство.
Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 164.744.901 денари.
Црвениот крст, со цел поголема транспаретност и отчетност, подготви извештај за фактичките наоди за состојбата со приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16.3.2025 до 22.8.2025 година, кои се однесуваат за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани на 16.3.2025 година.
Извештајот е објавен на веб-страницата на ЦКРМ на следниот линк:https://api.ckrm.org.mk/wp-content/uploads/2025/10/Revizorski-izveshtaj-CKRSM-09-09-2025.pdf
„Во тек е подготовка на финален извештај за собраните и исплатени средства од Фондот на солидарност, кој ќе го опфати преостанатиот период и тој ќе биде споделен со јавноста и сите заинтересирани страни до 15 март оваа година.
Црвениот крст уште еднаш им се заблагодарува на сите донатори што придонесоа за мобилизирање хуманитарна поддршка за настраданите лица и нивните семејства.
Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка за настраданото население во пожарот во Кочани преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка“, информираат од Црвениот крст на Македонија .






