недела, 6 април 2025

Црвен крст го исплати вториот дел за поддршка на настраданите во Кочани

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482 денари. Досега Црвениот крст изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денеска е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000 денари од досегашните донирани средства, информираат од Црвениот крст.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму додаваат дека во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во  Црвениот крст. Тој, велат од Црвениот крст, ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата.

„Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население. Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму“, појаснуваат од Црвениот крст.

Оттаму уште еднаш упатуваат голема благодарност до сите кои донирале за помош на настраданите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ