Чибишев укажа дека модуларните болници не беа објекти, не беа капацитети во кои требало да згрижуваат таква тешка патологија, такви тешки пациенти.
„Актуелната власт го покренува целото прашање, меѓутоа во јавноста нема одговор од спротивната страна, од опозиционите партнери, да кажат дека не било така, нема коментари и повторно некако како да се турне под тепих целата работа. Меѓутоа тоа мора да се расчисти“, рече Чибишев.
Чибишев посочи дека се потврдило дека модуларните болници биле изградени од несоодветен материјал.
„Гледајќи ги активностите на МВР, кое во моментот интензивно работи токму на некои вакви немили настани кои се случувале во минатото, мислам дека случајот ќе се реобнови. Има коментари во јавноста и шпекулации дека има дополнителни докази, и дека тоа ќе се реотвори. и ќе има процес во кој, се надевам, дефинитивно ќе се најдат вистинските виновници за оваа трагедија во модуларната болница. Тоа го бараат и семејствата на загинатите“, дециден е Чибишев.