недела, 14 декември 2025

Царината спречи обид за криумчарење инсектициди за прскање на растенијата

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Завчера, во раните утрински часови, при вршење на редовна царинска контрола на патничко моторно возило мерцедес со македонски регистарски таблички, со кое патувало семејство што изјавило дека се враќа од одмор во Турција и преку Грција пристигнало на влез во Македонија, од страна на царинските службеници биле откриени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид и 22 шишиња фунгицид со вкупна вредност од 16.058 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Препаратите биле сокриени на повеќе места во возилото – во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана.

Стоката е задржана, возилото со кое била транспортирана е одземено, а против осомничениот ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување.

„Секојдневните заложби на царинските службеници во сузбивање на нелегалната трговија и шверцот е многу важно со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување криумчарење на производи коишто се штетни за здравјето на граѓаните“, велат од Царина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ