петок, 13 февруари 2026

Бугарија го ратификуваше договорот за изградба на пругата Скопје-Софија-Бургас

Денеска Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на коридорот 8, информираше вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски преку официјалниот фејсбук профил. Овој Договор во декември 2025 година беше ратификуван и во македонското Собрание.

Објавено на

часот

Сподели

Како што напиша Николоски, со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје, Софија и Бургас.

„Горд сум што овој договор кој го потпишавме на 6 ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија, Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери. Паралелно го развиваме и коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска крстосница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме!“, напиша Николоски.

Овој Договор во декември 2025 година беше ратификуван и во македонското Собрание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ